Костенот е лек за многу болести

Костенот содржи само еден грам масти и помалку од 70 калории на 30 грама. Содржи и витамин Ц, што го прави посебен. Дневната доза од 85 грама костени содржи дури 45% од дневната потреба на организмот за витамин Ц.

Плодот на костенот е богат со фолати, што инаку е карактеристично за зелениот листест зеленчук. Во него покрај витамин Ц, ќе најдете витамини Б1, Б2 и Б6 и фолна киселина. Таа е заслужна за формирање црвени крвни зрнца и за синтеза на ДНК. Ова е добра храна за трудниците, бидејќи ја спречува појавата на аномалии кај фетусот.

Ако јадете костени, во организмот ќе внесете и важни материи како влакна, магнезиум, манган, калциум, железо, цинк и калиум. 

Влакната од костени ќе ви помогнат да го намалите нивото на холестерол. Од костенот може да се направи и брашно и пире, бидејќи како и лешникот и бадемот, не содржи глутен. Од друга страна, има поголем процент на скроб, поради што е посличен на компирот и пченката.

Овој плод може да го јадете сварен, печен, како пире или приготвен во чај. Во кој било облик, ќе го почувствувате неговиот интересен вкус и ќе ги добиете сите хранливи вредности.

Чај од костени

Костените се познати по тоа што помагаат во случај на дигестивни и бубрежни проблеми. Чајот од костени помага за симптоми од астма и бронхитис.

Го исфрла вишокот вода

Костенот има својство да ја исфрла водата од организмот, па така помага и во случај на бубрежни и желудочни тегоби. Помага за циркулација и проток на храната низ цревата, како и водата.

Дејствува антивоспалително

Поради своите антивоспалителни својства, костенот е идеален производ за луѓето што страдаат од артритис и реума.

Костенот го штити срцето

Костенот содржи високо ниво на моно-незаситени масти, како што се оленската и палмитинската. Тие го штитат кардиоваскуларниот систем и заедно со влакната во костенот, може да го намалат нивото на холестеролот

Див костен за вени

Важно е да знаете да разликувате див од домашен костен, бидејќи дивиот не се јаде. Без оглед на тоа, од него се прават разни тинктури и кремови, бидејќи и тој е многу лековит. Дивиот костен како лек се користи при проблеми со проширени вени и испукани капилари, кај хемороиди, болни менструации и зголемена простата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.