Косата може да открие колку сте под стрес!
Плитко дишење, неконтролирано потење, заборавање а ноќе не можете да спиете? Вие сте веројатно под стрес, сепак, истражувачите од холандскиот Медицински центар Еразмус пронашле подобар начин за да се утврди колку сте под стрес. Со анализа на косата се следи присуството на хормонот кортизол, и тоа не само сега туку и изминатите неколку месеци. Само со еден прамен од коса може да се докаже присуството на хормонот на стрес, кој го зголемува ризикот од развој на срцеви заболувања или мозочен удар и дијабетес.
– Високиот крвен притисок, или мастите на стомакот укажуваат на зголемено ниво на кортизол и е важен сигнал дека поединецот има поголем ризик од кардиоваскуларни болести. но праменот коса може да “фати” информации за нивото на кортизол и како тој се менувал со текот на времето, па затоа анализата на косата е најдобар метод засега за проценка на ризикот, стои во студијата.
Резултатите се добиени од примероци на коса долга три сантиметри кај 283 испитаници на возраст меѓу 65 и 85 години.