Конјуктивитисот е опасен и лесно пренослив – Како да ги негувате очите во таква состојба?

5 најдобри начини за превенција и лекување на конјуктивитис.

1. Најважна е правилната хигиена

Вирусниот конјуктивитис обично не бара никакво посебно лекување освен редовна хигиена и нега на очите, а поминува за неколку дена. Задолжително е да се мијат рацете.

2. Користете посебна постелнина

За време на зараза употребувајте посебна крпа, постелнина и марамици, па немојте да ги делите со другите членови на семејството. Перете ги после секоја употреба.

3. Ладни облоги

Ладните облоги ќе ја ублажат отеченоста и чешањето, три пати по пет минути на ден ќе биде сосема доволно.

4. Камилицата ќе го ублажи иритираното око

Окото може да се смири со облози од камилица, кои се подготвуваат така што ќесичката од чај потопете ја во топла вода, а потоа исцедете ја и држете околу 10 минути.

5. Редовно чистење е половина здравје

Често чистете ги заедничките површини како што се работната маса, бравите, телефоните и далечинскиот управувач. Не ги делете работите како што се козметика, шминка или марамици.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.