Конечно, канти за медицински отпад во Центарот за зависности во Кисела Вода!
Денеска во дневната болница за зависности беа поставени две канти за медицински – инфективен отпад.
Од сега пациентите – посетителите на оваа болница ќе имаат каде да го одложуваат медицинскиот отпад кој досега го одложуваа насекаде.
Инаку, кантите се донација од страна на фирма ЕКО КЛУБ од Битола, која во соработка со Општина Кисела Вода ги постави во дворот на болницата за зависности. Од ЕКО КЛУБ Битола отпадот одложен во кантите ќе го собираат еднаш во неделата.
Пред поставувањето на истите од страна на фирмата ЕКО КЛУБ утрово беше спроведена и акција за расчистување на медицинскиот отпад во дворот на болницата.