Колку време трошат жените на дотерување?

Дали вашата девојка е брза или бавна?

Следниот пат кога ќе добиете забелешка од партнерот или семејството дека премногу време трошите на дотерување, не лутете се, бидејќи е вистина.

Според истражувањето зад кое стои „Today and Aol“, дневно жените трошат речиси 55 минути на шминкање и правење фризура. Во студијата учествувале 2000 возрасни жени и 200 тинејџерки, кои истакнале дека секојдневно одвојуваат по еден час за дотерување, кое ги прави да се чувствуваат подобро и им ја зголемува самодовербата.

Во годишни рамки, според направеното истражување, жените трошат две недели само на дотерување. Жените истакнале дека кога имаат лош ден, средувањето на косата им одзема повеќе време, како и прекривањето на подочниците кога не се доволно наспани.

Доколку и вам ова ви изгледа премногу потрошено време, совладајте техники за да си ја олесните секојдневната рутина и тоа време да го трошите со саканите.

Коментари

коментари