Колку време по породувањето жените немаат секс?

1,314

Тричетвртини од жените не размислуваат за секс најмалку шест недели по породувањето, открива истражувањето на британската советодавна служба за бременост спроведена на 1350 луѓе. Една од десет жени оди еден чекор понатаму и го одложуваат сексот за шест месеци , а за секс шест проценти чекаат дури една година по породувањето.
Тоа најчесто е резултат на замор, болка и непријатност поради изгледот. Најдолго чекаат жените кои имале царски рез или компликации за време на породувањето. Една петтина од мажите не ни инсистирале на секс од почит кон партнерката, потврдило истражувањето.
Во споредба со 70-тите, жените денес оа го правеле 2-4 недели по раѓањето.
– После породувањето не треба да има притисок. На жената е да одлучи дали е подготвена за следниот чекор. Исто така, мора да бидат и внимателни, бидејќи е можна и нова бременост, велат од службата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.