Колку вода треба да пиете додека вежбате?

За време на тренинг при потење се губи големо количество на течности, поради што е важно тоа да го надополниме со пиење на вода. Фитнес тренер од Лос Анџелес објаснува колку всушност вода ни е потребно при тренинг.

Имено, овој фитнес тренер вели дека за тренинг од еден час доволно е да внесеме половина литар вода, а меѓу 200 и 250 милилитри за тренинг од половина час.

Оние кои вежбаат повеќе од еден час потребно е на секои 10 до 20 минути да испијат 200 милилитри вода, со цел во текот на целиот тренинг да бидат хидрирани.

Иако, можеби мислите дека ова не е толку значаен факт и дека никако не можете да испиете преголемо количество на вода, сепак според зборовите на овој тренер тоа е возможно.

Како што соопштува тој, преголемото количество на вода испиено за време на тренинг може да предизвика силни главоболки и повраќање. Затоа многу е важно да внимавате на количината на вода која ја внесувате за време на тренинг.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.