Колку во просек трае кашлицата?

153

На акутната кашлица кај настинката обично и треба значително подолго за да помине отколку што мислат луѓето, поради што некои пациенти бараат од лекарот да им препише антибиотик, кој нема да им го забрза оздравувањето, туку само може да поттикне отпорност на лекови и да го зголеми ризикот од несакани последици, покажува едно американското истражување.

Со анкета меѓу населението е утврдено дека повеќето луѓе очекуваат кашлицата да им помине во рок од седум до девет дена, но анализата на 19-те истражувања, кои се занимавале со овој симптом, укажува дека таа просечно трае речиси три недели, поточно 17,8 дена.

Околу 50 отсто од Американците со акутна кашлица во 2006 година добиле и рецепт за антибиотик, иако е познато дека повеќето респираторни инфекции ги предизвикуваат вируси, додека антибиотиците дејствуваат само на бактериите.

Шефот на истражувачкиот тим Марк Ебел порачува дека постојат многу средства кои ја олеснуваат кашлицата, а можат да се набават во аптеките без рецепт, но времето сепак е најдобар лек за овој симптом.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.