Колку витамин Д ви треба според возраста?

77

Без разлика каде живеете, статистиката покажува дека повеќето луѓе имаат недостаток на витамин Д.

„Од сто пациенти, би рекол дека 80 од нив имаат значителен недостиг“, изјави д-р Светлана Коган за Well + Good.

Ова е лоша вест бидејќи витаминот Д е моќна хранлива материја која е клучна за многу телесни функции – од репродуктивно и ментално здравје, преку здравје на коските, до силен имунолошки систем.

Недостатокот на витамин Д може да предизвика губење на густината на коските, лошо расположение и исцрпеност. Експертите отидоа дотаму што велат дека недостатокот на витамин Д е занемарена епидемија и дека само се влошува како што старееме.

„Недостатокот на витамин Д драматично се зголемува како што стареете“, истакнува д-р Лана Оливија. „Колку сте постари, толку покревки се вашите коски, толку помалку се вклучувате во физичка активност и помалку сончева светлина добивате, а сето тоа влијае на нивото на витамин Д.

Физичките и нутритивните потреби на секој човек се различни, поради што внесот на витамин Д треба да варира во зависност од возраста и големината на телото. Препораката на Националниот институт за здравје во однос на внесот на витамин Д е 400 меѓународни единици (IU) за деца до 12 месеци, 600 IU за лица на возраст од 1 до 70 години и 800 IU за лица постари од 70 години.

Нутриционистите препорачуваат да го зголемите внесот на храна богата со витамин Д како што стареете, особено за оние на возраст од 70 или повеќе години. Покрај тоа, тие препорачуваат изложување на сонце до 30 минути на ден за да му помогне на телото да синтетизира витамин Д.

Не треба да претерувате со витаминот Д бидејќи со текот на времето може да дојде до труење, а симптомите вклучуваат висок крвен притисок, дехидратација, често мокрење, зголемена жед, раздразливост, дезориентација, гадење и повраќање.

Според д-р Оливија, постарите луѓе се изложени на поголем ризик од недостаток на витамин Д, како и оние кои не прават вежби со тежина, имаат ограничена изложеност на сончева светлина, како и бремените жени.

Иако изворите на витамин Д во храната се сè уште релативно ограничени, со конзумирање на храна како јајца, лосос, туна и печурки може значително да го зголемите внесот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.