Рускиот доктор на науки Сергеј Бубновски ја застапува теоријата дека дехидратацијата е причина за многу болести. Тој опоменува дека мора да се пијат 30 мл вода на килограм тежина и објаснува зошто внесувањето вода треба да го следат оптимален внес на сол и редовни вежби
Докторот на медицински науки, специјалист за рехабилитација, автор на единствениот метод на лекување на ’рбетот (кинезитерапијата) Сергеј Михајлович Бубновски сам закрепнал по несреќа и оттогаш им помага на луѓето. Неговите принципи на лекување се едноставни и разбирливи за сите: помалку лежете, повеќе движете се. А првенствено дишете свеж воздух и пијте чиста вода.
ДЕХИДРАТАЦИЈАТА Е ПРИЧИНА ЗА БОЛЕСТИ
Седумдесет отсто од човекот го составува вода. Затоа не изненадува што повеќето најраспространети заболувања (бронхијална астма, исхемиска болест на срцето, дијабетес тип 2, хипертензија, алергии, остеохондроза, артроза, склероза на крвните садови) се поврзани со дехидратација. Постои формула по која човекот дневно треба да пие 30 мл вода на килограм тежина. Доколку не сте навикнати на толкаво количество – почнете со помало и секои две недели зголемувајте го количеството за половина чаша.
ШТО ЌЕ ИМ Е СОЛ НА КЛЕТКИТЕ
Долги години медицината ги повикуваше луѓето да ја избегнуваат солта, сметајќи ја за предизвикувач на висок притисок. Но комплетното исфрлање на солта може да има негативно влијание на здравјето!
Во моето семејство се користат два вида сол – морска и хималајска (розова), вели доктор Бубновски. Тоа се природни минерални материи, кои не предизвикуваат отоци и не го нарушуваат метаболизмот на минералите во организмот. Помагаат во балансирањето на односот на јоните на натриум и на калиум, одржувајќи го така притисокот нормален. Во биохемијата оваа двојка се вика натриум-калиум пумпа (која им дозволува на клетките да добијат доволно вода), тие не се спојуваат, што значи дека пумпата ги штити кожата и слузокожата од сувост, а зглобовите од уништување.