Колку шеќер треба да внесувате дневно?

Нутриционисти сметаат дека шеќерите не треба да бидат повеќе од 5 проценти од вкупната енергија или внес на калории од храната и пијалакот кои ги внесуваме во телото во текот на денот. А тоа отприлика изнесува  30 грама или околу 7,5 лажички шеќер.

Според возраста на човекот, табелата со дневни вредности на внесот на шеќери треба да изгледа вака:

– Возрасни: не повеќе од 30 грама / еквивалент на 7 коцки шеќер.

– Деца меѓу 7 и 10 години: не повеќе од 24 грама / еквивалент на 6 коцки шеќер.

– Деца меѓу 4 и 6 години: не повеќе од 19 грама / еквивалент на 5 коцки шеќер.

– За деца под 4 години нема дефинирано вредност, но се препорачува избегнување на засладени пијалаци и храна во која се додава шеќер.

Овие количини се однесуваат на „слободни шеќери”, односно кои се додаваат во храната во процесот на производство, како и на шеќери присутни во мед, сирупи и овошни сокови.

Шеќери кои може да се најдат во млеко, овошје и зеленчук не се сметаат за „слободни шеќери” и на нивното внесување не е неопходно да се обрне посебно внимание. Меѓутоа, овие шеќери се пресметани во вкупните количини на шеќер наведени на декларациите на производите што ги содржат.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.