Колку се безбедни вакцините, ќе се вакцинираат и тие што прележале корона?!

Нормално е дека вакцината во акутната фаза на инфекцијата не може да се прими. На лицата кои ја поминале инфекцијата со ковид-19, од она што засега е познатото и препорачано, нема да им се негира да се вакцинираат, но тие не се приоритет. Од она што досега го покажаа научните откритија од областа на коронавирус е дека таа категорија во првото тримесечје може да почека, а приоритет да бидат луѓето од ризичните групи – рече инфектологот д-р Цана.

Вакцинирањето е сериозен и проверен процес, а вакцините се развиени на безбедни и проверени платформи на кои досега се развиваа и сите други вакцини. Здравствените власти уверуваат дека сите вакцини што ќе пристигнат кај нас се целосно безбедни и граѓаните може да имаат целосна доверба.

Исклучително висок процент на здравствени работници се заинтересирани да ја примат вакцината, и тоа е добар сигнал за сите граѓани. Здравствените работници беа на првата линија во борбата и знаат колку е опасен вирусот. Доколку тие се вакцинираат, тоа ќе влее поголема доверба и кај граѓаните, вели министерот за здравство Венко Филипче. Министерот нагласува дека вакцинирањето е сериозен и проверен процес, а вакцините се развиени на безбедни и проверени платформи на кои досега се развиваа и сите други вакцини. Сите вакцини што ќе пристигнат кај нас, уверува тој, се целосно безбедни и граѓаните може да имаат целосна доверба.

-Сите вакцини што ќе пристигнат кај нас, уверува тој, се целосно безбедни и граѓаните може да имаат целосна доверба. Истакна Филипче. Тој нагласи дека е охрабрувачки тоа што, според едно истражување, над 60 проценти од здравствените работници би се вакцинирале против ковид-19.

Филипче најави дека вакцинацијата против вирусот може да биде „виза“ во пасошот на секој граѓанин што планира да патува во странство во иднина. Додека ги чекаме првите дози на антиковид вакцината, кои нема да бидат задолжителни, здравствените власти најавуваат дека сите држави можат да го унифицираат условот за таканаречениот здравствен сертификат за патувања за време на пандемијата.

И инфектологот, Фадиљ Цана за ТВ21 потврди дека вакцините што се во оптек се безбедни, но дека сите што ја прележале болеста, а ја примат нема да имаат ефект. Тој рече дека луѓето кои го прележале вирусот, како посебна категорија, не се приоритет во процесот на вакцинација. Во однос на тоа колку ќе трае имунитетот на граѓаните кои ќе се вакцинираат, Цана рече дека сè уште не се знае колку трае заштитниот ефект.

-Нормално е дека вакцината во акутната фаза на инфекцијата не може да се прими. На лицата кои ја поминале инфекцијата со ковид-19, од она што засега е познатото и препорачано, нема да им се негира да се вакцинираат, но тие не се приоритет. Од она што досега го покажаа научните откритија од областа на коронавирус е дека таа категорија во првото тримесечје може да почека, а приоритет да бидат луѓето од ризичните групи – рече Цана.

Текстот продолжува на vecer.press

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.