Колку пати во текот на денот мажите помислуваат на секс?
Во истражувањето на институтот „Кинси“, со кое биле опфатени мажи од сите старосни категории, 54 отсто од испитаниците признале дека помислуваат на секс „неколку пати во текот на денот“, 43 проценти – „неколку пати неделно“, а само три отсто рекле дека на секс помислуваат помалку од еднаш неделно.
Експерите проценуваат дека овие резултати треба се прифатат со резерва, бидејќи не може со сигурност да се каже колку се искрени одговорите на испитаниците.
Затоа група научници од Универзитетот во Охајо решиле да применат поинаков пристап кон ова прашање. Имено, тие одбрале група испитаници на возраст од 18 до 25 години, ги опремиле со рачни бројачи и им рекле да ја регистрираат секој своја мисла поврзана со сексот, храната или спиењето.
Резултатите од истражувањето покажале дека мажите во просек на секс помислуваат 19 пати во текот на денот, на храна 18 пати, а на спиење 11 пати. Жените, пак, на секс помислиле 10 пати на ден, на храна 15 пати, а на спиење 8,5 пати.