Колку пати на ден треба да мокрите?

Како да знаете дали сте здрави?

Со мокрењето телото се ослободува од токсините и вишокот течност, а бојата на урината може да каже многу работи за нашето здравје.

Колку што треба да обрнеме внимание на бојата на урината, толку треба да обрнеме внимание и на тоа колку пати дневно мокриме.

Тоа најмногу зависи и од количината на течности што ја внесуваме во текот на денот, но сепак постои оптимална бројка за тоа колку пати мокриме во текот на денот, и сè што е повеќе од тоа може да укажува на здравствен проблем.

Некои луѓе мократ на секој час и сметаат дека тоа е нормално, но сепак зачестеноста треба да биде многу помала. Вообичаено би требало да мокрите 6-7 пати во денот, а тоа подразбира дека сте внеле околу два литра вода. Што се однесува до ноќното мокрење, едно се толерира.

Спротивна состојба од прекумерно мокрење е пререткото мокрење, и тоа упатува на состојба на дехидрираност, односно многу мал внес на вода и други течности.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.