Колку пати дневно треба да уринираме?

Колку пати дневно ќе уринираме првенствено зависи од тоа колку течност внесувате во организмот. Сепак, постои оптимална бројка колку пати би требало да уринираме, а се што е над таа бројка може да укажува на здравствен проблем.

Некои жени уринираат на секој час сметајќи дека тоа е нормално. Но, зачестеното одење во тоалет, сепак, би требало да биде помало. Оптималниот број на уринирање е 6-7 пати дневно. Што се однесува до уринирањето ноќе, една ноќна посета на тоалетот се толерира, открил Невен Капун, д-р мед. и спец. по урологија.

Што се однесува до жените кои одат во тоалет секој час, вели Капун, најчесто станува збор за две можни здравствени причини за презачестено уринирање.

Ако не постојат симптоми типични за воспалението на мочниот меур како пецкањето и чувството на болка, односно притисокот при уринирањето, втората најчеста причина за пречестото уринирање кај жените е прекумерно активниот меур. Тоа значи дека меурот се наполнува со премалку урина и личноста чувствува ненадејна потреба за уринирање. Прекумерно активниот меур главно се лекува со таблети, објаснува Капун.

Спротивно на премногу честата потреба за уринирање, некои луѓе имаат премногу ретка потреба за уринирање.

Премногу ретката потреба за уринирање најчесто значи дека личноста не внесува доволно течности, односно дека е дехидрирана, вели д-р Капун.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.