Колку Македонци се заразени со сексуалните болести сифилис и гонореја?

Сексуалните  болести во пораст во Македонија. Според официјалната статистика на ИЈЗ, лани имало над 120 случаи со хламидија како и десетина со опасните преносливи инфекции. По двајца заразени со гонореја има во Битла и Скопје и еден  во Гевгелија. Изминатата деценија од оваа сексуална болест која ако не биде лекувана може да предизвика стерилитет има 50 случаи. За лекарите поопасен е сифилисот кој може да ги зафати речиси сите органи, да заврши фатално или пак да остави сериозни компликации на срцето, очите и мозокот. Ако во 2012 не бил регистриран ниту еден заболен, лани сифилис е потврден кај 4 лица и тоа од Битола, Куманово, Струмица и Гостивар.

Дел од Градскиот парк и просторот на Средно Водно се само дел од местата каде во ноќните часови младите скопјани водат љубов. Дел од нив користат кондоми кои ги оставаат за да бидат видливи за сите. Но статистиката покажува дека голем процент од македонската младина не користи заштита за време на сексуланите односи, што е и една од причините за зголемен број на сексуално преносливи болести. Според статистиката на невладините организации,  Македонија е на дното во Европа по употреба на контрацепција. Загрижувачки е што сеуште во нашата земја стапката на тинејџерска бременост, како и на абортуси е неколкупати повисока од онаа во ЕУ.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.