Колку ќе плати Катица Јанева од џеб за неколкудневниот престој во болницата на Жан Митрев?

136

Катица Јанева и викендот остана на болнички третман во приватната болница на Жан Митрев и утре ќе биде познато кој е ставот на лекарите и дали ќе ја вратат во Шутка. Поради влошената здравствена состојба неопходни биле дополнителни испитувања, потврдуваат од нејзиниот адвокатски тим. Не добивме официјален одговор од болницата каде е сместена Јанева и кој ја чува бидејќи е притворено лице. Неофицијално, таа е под 24 часовен надзор од затворска полиција а според нeoфицијалните информации има и обезбедување од приватната здравствена установа. Сместена е сама во соба бидејќи не смее да има контакт со останати пациенти.

Арестантско одделение за притворени лица и затвореници има само на скопските клиники. Но поранешната специјална обвинителка побарала медицицнска помош во приватна болница. Извори за Сител од затворот во Шутка велат дека има право на тоа, но во такви случаи прегледите и болничкиот третман ќе ги плати од свој џеб.

Фондот за здравствено осигурување во приватни болници ги покрива само кардиохируршките интервенции а не и кардиолошките кои пациентите ги плаќаат приватно. Тоа значи дека и Јанева треба сама да плати за коронарографија и испитувањата што и биле направени, како и за болничкиот престој.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.