Колку калциум му е потребен на вашиот организам?

215

Вежбите со тегови се исклучително важни за одржување на силни коски, но за тоа е потребна и здрава исхрана со адекватни количини на калциум кој, меѓу другото, е потребен и за мускулните контракции. Неадекватниот внес на калциум со тек на времето исто така предизвикува и ризик од фрактури на коските.

Одредени нутриционисти велат дека жените треба да внесуваат помеѓу 748 и 968 милиграми калциум дневно, додека според Националниот институт за здравје на САД таа количина изнесува 1000 милиграми.

Храна која е богата со калциум и која би требало редовно да се јаде е: млечни производи, сардини, лосос (со коски), бел грав, сусам, алги, кељ, брокула, бадеми и др. На оваа листа се наоѓаат мноштво работи соодветни и за веганите, така да внесот на калциум не би требало да претставува проблем во никој случај.

Повеќе од 99% калциумот во човечкото тело е во коските и забите и им помага да ја одржат својата цврстина, а исто така е потребен и за правилна функција на нервите и хормоните.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.