Колку калории трошиме за време на секс?

Истражување спроведено од страна на експерти од Унверзитетот во Монтреал, открива дека во текот на 25 – минутен сексуален однос мажите согоруваат 101 калории, додека жените трошат 69 калории, што е половина од она што ќе го потрошите трчајќи километар и половина.

„Сексуалната активност потенцијално може да се смета за значајна вежба“, наведуваат истражувачите.

Во овој случај, за време на секс се троши еднаков број на калории како за време на прошетка.

Истражувачите тврдат дека мажите од вакви „вежби“ имаат поголема корист за разлика од жените.

„Мажите имаат поголема килажа од жените, поради што тие ќе потрошат повеќе енергија и ќе ослободат повеќе калории за време на сексуални односи“, стои во соопштението од ова истражување.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.