Колку години има вашето срце?

1,679

Јавното здравство во Англија ги охрабрува луѓето над 30 години да направат онлајн-тест за да откријат колку години има нивното срце, а тестот укажува дали се изложени на зголемен ризик од срцев или мозочен удар.

Тие предупредуваат дека околу 80 отсто од срцевите и мозочните удари кај луѓето под 75 години може да се спречат ако се подобри здравјето на срцето.

Нездравиот начин на живот ги става во ризик од предвремена смрт четворица од пет возрасни. Луѓето треба да се откажат од пушењето, да јадат здрава храна и доволно да вежбаат. Тестот не е дијагностички, нема да ви каже дали ќе имате срцев удар, но може да биде повик за будење за да направите корисни промени.
Дебелината, лошата исхрана, недостигот на вежбање и високиот крвен притисок се значајни ризични фактори што можат да бидат променети.

Речиси 2 милиона луѓе го направиле тестот и на 78 отсто од учесниците срцето им било постаро од нивната реална возраст, што ги зголемува ризиците од рана смрт. Од нив повеќе од 34 отсто имале срце 5 години постаро од нивната реална возраст, а 14 отсто речиси 10 години постаро.

Тестот поставува 16 едноставни прашања за животниот стил и физичката активност, како и предвидување за ризикот од срцев или мозочен удар на одредена возраст.

Исто така, тестот дава предлози за промена на животниот стил за да им помогне на луѓето да ја намалат возраста на нивното срце.

– По една година од откажувањето од цигарите ризикот за појава на срцеви заболувања е околу половина отколку кај пушачите.

– Држењето до препорачаната доза неделно вежбање (најмалку 150 минути на умерено аеробно вежбање), како што е возење велосипед или брзо одење, го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.

– Внесувањето поголема количина овошје и зеленчук, од три порции дневно на повеќе од пет, може да го намали ризикот од срцеви заболувања или мозочен удар.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.