Колку допирањето на парите е опасно по здравјето?

Резултатите на научната студија објавена во април која ја спроведе универзитетот во Њујорк покажа дека на банкнотите кои кружат во оптек се наоѓаат стотина различни слоеви на бактерии.

Тука се салмонела, стафилокока, ешехерија коли и Propionibacterium acnes – бактерија која предизвикува создавање на акни.

Но тоа не е се. Трагови на кокаин се пронајдени на 80 проценти од примероците, а забележани се и траги на морфиум, хероин, метамфетамин и аметамин.
Понатаму на листата се наоѓаат остатоци од храна, ДНК траги од домашни миленици, трагови на фекални материи…
Иако тешките болести не се пренесуваат често преку парите, научниците се обидуваат да пронајдат најдобар начин за чистење на банкнотите меѓу трансакциите.

На пример ставање на старите банкноти на јаглен диоксид на одредена температура и под одреден притисок доведува до отстранување на маслото и валканите траги кои доаѓаат од човечките прсти, додека високите температури ги убиваат микробите кои инаку непречено би можеле да опстанат на банкнотите.

Совет на научниците е по допирање на пари да избегнувате контакт со кожата, а кога сте во можност добро да ги измиете рацете.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.