Колку долго смеете да го чувате сирењето во фрижидер?

Ако имате навика да го фрлите сирењето откако на него ќе се појават први траги на мувла, можеби сте фрлиле совршена храна за јадење, велат експертите.

Колку долго смеете да чувате сирење во фрижидер прво зависи од видот на сирењето, пренесува Индепендент.

Неотворено пакување на цврсто сирење како пармезан и чедар можете да го чувате два до четири месеци во фрижидер, т.е. осум месеци во замрзнувач, пишува „Тејстинг тејбл”. Кога ќе ја отворите амбалажата, треба да ја изедете оваа вкусна намирница во рок од шест недели.

Ако забележите дека на површината на тврди сирења се појавила мувла, тоа не значи дека треба да го фрлите, вели др. Алиса Хокинг за ABC.net. Едноставно отстранете го површинскиот слој на сирењето и тоа повторно ќе биде безбедно за употреба.

Гријер, гауда и други полуцврсти сирења можат да издржат две до три недели во фрижидер откако ќе ги отворите, т.е. два месеца ако пакувањето не е отворено.

Мекото сирење содржи најголема количина на влага, па рокот на траење им е најкус. Затоа треба да ги изедет во рок од две недели по отворањето. Тоа се однесува на сирењето како брија, фета и камембер.
Ако сте забележале дека некое меко сирење фатило мувла или дека не мириса како што треба, најбезбедно е сепак да го фрлите, со оглед на тоа дека мувлата најбрзо се создава во овој вид на производ.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.