Колку часа во животот се поминуваат во бакнување?

229

Во животот дури 336 часа ги поминуваме бакнувајќи се, но мажите и жените бакнежите не ги доживуваат исто!

За обичен бакнеж се активираат два мускула, а за т.н. француски бакнеж заедно работат дури 34 мускули! И додека се бакнуваме, во 5 секунди губиме 12 калории. Гледано низ вагата можеби не е многу, но и тоа како е важно. Бидејќи бакнежите во нашиот мозок отпуштаат хормони на среќа кои ја хранат нашата психа, а ништо не додаваат на нашата килажа. Истражувања покажале дека две третини од светската популација ја вртат главата на десно додека се бакнуваат. Иако бакнежот во историјата не бил секогаш прифатен, барем не на ваков начин како денес.

Вкупно 59 отсто мажи и 66 отсто жени тврдат дека ги прекинале врските поради лошо бакнување. А бакнежот и тоа како може да биде незгоден – не само во изведбена смисла, туку и потенцијално заразен. Вирусната мононуклеоза е опасна, но и воедно единствена болест која името го добила според бакнеж. Но, затоа жените се пребирливи. Но, ако некого не го познавате доволно добро можеби би било подобро да избегнете бакнување.

Најдолгиот бакнеж во светот траел дури 58 часа и 35 минути, не советуваме да го пробате, но ве советуваме да делите бакнежи на сите кои ви се мили, на сите и секогаш. Бидејќи она што устата не може да го изговори, бакнежот секогаш може да го докаже.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.