Колкава количина витамин Ц дневно треба да се внесува во организмот?
Митот за витаминот Ц потекнува уште од ’60-тите и ’70-тите години од минатиот век, кога научникот Линус Паулинг тврдел дека големите количини витамин Ц наводно може да спречат да се разболете со години.
Според моменталните истражувања, дневната препорачана доза витамин Ц е 200mg, а прекумерното внесување на овој витамин може да предизвика само проблеми како мачнини, дијареја и болки во стомакот.