Колкав процент на жени се алергични на сперма?

302

Можеби не сте знаеле, но околу 12 проценти од жените може да бидат алергични на сперма. За некои тоа дури може да предизвика анафилактички шок. Експертите сметаат дека алергијата ја предизвикува гликопротеинот кој се наоѓа во простатата а не спермата. Затоа и промената на партнери нема да биде опција за ублажување. Научници од Универзитетот во Манчестер сметаат дека на овој вид алергија најмногу се изложени жени меѓу 20 и 30 години, а реакцијата е видлива и по еден час од сексуланиот однос. Симптомите се иритација, чешање, болно мокрење и егзема. Во ретки случаи изложеноста на семето може да предизвика и фатална алергиска реакција. но заклучокот на експертите е дека многу малку жени знаат дека се алергични на сперма. Проблемот е што симптомите често погрешно се дијагностицираат поради нивната сличност со други состојби како што се дерматитис и некои сексуално преносливи болести.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.