Колкав е рокот на траење на производите за нега на тело?

За оние производи на кои не стои дата со рок на траење

Би било убаво кога секое млеко за тело, крема против целулит и слични “чуда во мали пакувања” доаѓаат со датум кој јасно означува до кога можете безбедно да ги користите, но тоа не е секогаш случај.

Во принцип, се смета дека овој тип на козметички производ е безбеден за употреба три години од датумот на производство, доколку пакувањето е неотворено. Но, кога купувате нешто вие не можете да знаете колку долго млекото за телото, на пример, стоело во некој магацин, во таа продавница на пример, или во некој фабрички склад.

Затоа не е лошо секој пат кога ќе отворите ново млеко за тело да го проверите мирисот и текстурата. Ако мирисот е “сомнителен”, производот е “разредлив”, или имате впечаток дека состојките се “раздвојуваат”, па можете да забележите на пример прозирна вода околу млекото кое го притискате на дланка, не е добра идејата производот само да го потресете и да продолжите да го користите.

Исто така, би требало да знаете дека одредени производи како што се оние за заштита од сонце, или креми за нега на лице кои имаат и УВ заштита, содржат состојки кои може да оксидираат после некое време.

Производите што содржат титаниум диоксид или цинк оксид, практично почнуваат да се “влошуваат” во моментот кога доаѓаат во контакт со воздухот, односно веднаш штом ќе ги отворите.

Нивниот рок на траење затоа е многу пократок, па иако можеби нема да добиете алергија или да направи сериозен проблем со кожата, не можете да сметате на висок степен на заштита ако користите производ кој стои отворен со месеци, или дури од минатото лето на пример.

Коментари

коментари