Која терапија ќе ги замени антибиотиците?

124

Се очекува дека резистенцијата на антибиотици, односно, феноменот кога бактериите престануваат да реагираат на лекот, ќе стане главната причина за смрт и ќе убие 10 милиони луѓе до 2050 година.
Многу фармацевтски компании од целиот свет престанаа да прават нови антибиотици, а лековите, кои во моментов се во развој, сѐ уште се соочуваат со блокади кога станува збор за нивната примена. Поради околностите во кои се наоѓаат фармацевтските компании, сѐ повеќе се вртат кон идејата за терапија со „фаг“ (бактериофаг).

Терапијата ја прави вирусот кој ги убива бактериите, поточно бактериофагот. Откриен е на почетокот на дваесетиот век кога бактериофагот можел да лечи луѓе со бактериски инфекции. Овој метод се користел во земјите од Источна Европа и поранешниот СССР како алтернатива, кога антибиотиците ќе задоцнеле. Бидејќи е програмиран да се бори против бактериите, бактериофагот не претставува закана по човечкиот живот.

– Во овој вирус се крие потенцијал што антибиотиците го немаат. Мислам дека треба да работиме на развивање на овој вид терапија со цел да му направиме место на вирусот за да ги убива бактериите, вели колумнистот на Њујорк тајмс, Карл Цимер.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.