Која нација во Европа живее најдолго?
Експертите се прашуваат како е можно просечниот житeл на Италија да живее подолго од просечниот Европеец, иако имаат некои лоши навики од кои во името на хедонизмот – не се откажуваат.
Според последниот Глобален здравствен индекс на Блумберг, жителите на Италија се меѓу најздравите во светот.
Многумина одговорот го бараат во нивниот животен стил и исхрана.
Тајната лежи во овошјето и зеленчукот кое тие го внесуваат во текот на денот во свежа форма, маслиновото масло и нивниот пристап кон храната – тие на оброкот гледаат како на задоволство и уживање, а не начин само да се наполни желудникот!
Луѓето од Италија денот ќе го почнат со квалитетно кафе и лесен појадок. Денот не почнува со никакво оптоварување или прејака храна, а најголемата грижа веројатно е модниот избор!
Дел од секој ручек е маслиновото масло, тестенините подготвени на илјад аи еден начин, квалитетното сирење – од моцарела до пармезан, секогаш е прелиено со квалитетно вино. И во сето тоа се ужива, и тоа со мерка!
На списокот на Глобалниот здравствен индекс на Блумберг, Италија е на прво место а САД на 34-то.