Која нација пие најмногу млеко?
Најмногу млеко пијат во Ирска, најмалку во Кина. Ирците годишно трошат во просек 114 литри а кинезите само 30. Според податоците на Организацијата на Обединетите нации за храна ФАО, најголеми потрошувачи на млечни производи во светот се развиените земји, и тоа пред се во северните делови на континентот. Во Северна Америка, Европа и Австралија, потрошувачката на млечни производи по глава на жител годишно надминува 150 килограми.
Од друга страна пак, населението на Азија и централна Африка најмалку трошат млечни производи. Во Виетнам и Сенегал, годишната потрошувачка на млечни производи по глава на жител е под 30 килограми. Од културните обичаи зависи и која земја колку млеко конзумира. “Граѓаните на северна Европа, млекото главно го користат во течен облик, а Французите како сирење и јогурт. Во Јужна Азија, потрошувачката на млеко до 2030 ќе порасне за 125%. Во Кина млекото не се троши, освен во зоните во кои се одгледуваат крави како што е Монголија. Потрошувачката на сирење во Кина се сведува на ресторани и хотели.