Која храна заситува после неколку залчиња?

Јаболка – Јадете јаболка половина час пред оброк и ќе ви биде доволна многу помала порција. Влакната и водата во јаболката ќе ве заситат и ќе ви ја намалат желбата за нездрава храна.

Грав, леблебија – оваа храна, богата е со протеини, влакна, антиоксиданси, витамин Б и железо  и одлично го контролира апетитот.

Супа – нискокалоричните супи се одличен избор за секоја диета, бидејќи одлично заситуваат.

Кисели краставички – пробиотиците во киселите краставички го регулираат варењето и го намалуваат апетитот. Одлични се за слабеење.

Црна чоколада – кога ќе ви се јаде нешто благо, изедете неколку коцки црна чоколада.

Јајца – ако го почнете денот со јајце, ќе бидете заситени се до ручек. Истражувањата покажале дека големото внесување на протеини наутро често резултира со мало внесување на калории во текот на денот.

Ореви – вкусна храна која го регулира апетитот со помош на големите количини на здрави маснотии, протеини и влакна.

Вода – честиот недостаток на течности се меша со чувство на глад. Следен пат кога ќе почувствувате потреба за меѓу оброк, напијте се чашка вода и почекајте десетина минути. Постои голема веројатност гладот да исчезне, а вие ќе заштедите стотици калории.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.