Која храна е како ботокс?

Целерот ја хидрира кожата

“Целерот содржи многу витамини, вклучувајќи ги витамините А, Ц и К, како и калиум”, вели диететичарката Хелен Бонд.

Со оглед на тоа што калиумот ги ублажува негативните ефекти на солта, тој помага во регулирање на нивото на течности во организмот и спречува појава на сува кожа. Со тоа се намалува појавата на ситни брчки околу очите и усните.

Оревите ја омекнуваат кожата

Оваа намирница содржи важни омега-3 масни киселини и на тој начин ѝ помагаат на кожата во производството на природни масла.

“Бадемите станаа тренд во исхраната, но оревите се всушност богати со масти кои на вашата кожа ѝ се потребни за да остане мека, хидрирана и затегната”, вели Хелен.

Куркумата ги ублажува оштетувањата од сончањето

Билката која спаѓа во една од најздравите на планетата содржи голем број на антиоксиданси. Поради тоа, таа ја спречува појавата на темните дамки на кожата кои се последица на прекумерното изложување на сонце.

Овесот го штити колагенот

“Овесната каша има низок гликемиски индекс, што значи дека полека го подигнува нивото на шеќер, наместо нагло да го зголеми”, вели Хелен.

Наглите скокови на шеќерот во крвта можат да доведат до воспаленија на кожата, а со тоа се уништува колагенот, а кожата со текот на времето ја губи еластичноста.

Кокосовото масло ги намалува брчките

Кокосовото масло е корисно за кожата бидејќи содржи голема количина на витамин Е.

“Кокосовото масло помага во борбата против слободните радикали. Кога се нанесува на кожата, тоа помага во спречување на појавата на брчки”, вели Бонд.

Покрај овие намирници, Хелен советува да консумирате домати кои се богати со ликопен и ја штитат кожата од штетните УВ зраци, а компирот ја омекнува кожата благодарение на бета-каротенот кој се претвора во витамин А.

Лимонот, поради витаминот Ц го поттикнува производството на колагенот, а кељот е богат со витамин К кој ја спречува појавата на темните кругови околу очите.

Боровинките содржат антиоксиданси кои го спречуваат производството на слободните радикали.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.