Која е земјата со најздрава нација во светот?

Оваа земја е означена како најздрава  на светот според Глобалниот здравствен индекс на Блумберг од 163 земји. Просечната старост е 80 години. Иако Италија е меѓу најразвиените земји во светот, нејзиниот раст стагнира веќе со децении, речиси 40% од младите се невработени, а земјата има големи долгови.

И покрај се, Италијанците се во значајно подобра форма отколку Американците, Канаѓаните или Британците, кои во голем број страдаат од висок крвен притисок и холестерол, како и од психички проблеми.

Италијанската кујна има голема заслуга за доброто здравје на нацијата. Тука е и медитеранската исхрана, богата со зеленчук и маслиново масло, кое Италијанците го обожуваат.

На второ место на листата најздрави земји се најде Исланд, а на трето место Швајцарија, додека на четврто и петто место се наоѓаат Сингапур и Австралија. Во меѓувреме, 4500км јужно, во Сиера Леон, просечно сега роденото дете ќе умре на 52 години старост, пишува Индепендент, што ја прави земјата најлоша за живот според оваа листа.

Секоја држава е оценета врз основа на очекувано траење на живот, причини за смрт и здравствени ризици, како и висок притисок, пушење, неухранетост и пристап до питка вода.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.