Која е најнездравата земја во светот?
По собирањето податоци од Светската здравствена организација (WHO), Clinic Compare ja анализирале потрошувачката на алкохол, тутун и преваленција на дебелината во 179 земји низ светот.
Според резултатите од нивната анализа, Република Чешка е најнездравата земја во светот. Наводно, секој човек во Чешката пие 13,7 литри алкохол годишно. Кога станува збор за консумирање тутун, Чесите се најдоа на 11-то место.
Второто место е резервирано од Русија, по што следуваат Словенија, Белорусија, Словачка и Унгарија. Со оглед на тоа што девет земји од источна Европа се во првите десет, овој регион се карактеризира како најнездрав во светот. Единствен исклучок е САД, кои го делат десеттото место со Литванија.
Според нивните податоци, повеќето дебели луѓе се во Океанија, додека најздравата земја во светот е Авганистан.