Која болест ја имаат лицата опседнати со селфи?!
Британските истражувачи го утврдија постоењето на болеста наречена “селфитис”, која всушност претставува опсесивно фотографирање на селфија.
Овој збор првпат се појавил во 2014 година во рамки на лажна вест во која селфитисот бил сместен на листата на ментални пореметувања од страна на Американското психијатриско здружение.
Научниците продолжиле да го истражуваат овој феномен, по што била проучена појавата “номофобија” – страв да се биде без телефон при рака.
“Пред неколку години во медумите се појави приказна за тоа дека состојбата на селфитис е класифицирана како ментално пореметување. Иако потоа се откри дека станува збор за лажна вест, тоа не значи дека оваа состојба не постои”, изјавил д-р Марк Грифитис од универзитетот Трент во Нотингем.
Истражувањето било спроведено врз 400 учесници од Индија, со оглед на тоа што оваа земја има најмногу корисници на “Facebook”.
Учесниците се изјасниле во која мера се сложуваат или не се сложуваат со низа констатации околу селфијата.
Меѓу изјавиле биле речениците “Споделувањето на селфија создава здрав натпревар со пријателите и колегите” и “Чувствувам дека сум попопуларен/попопуларна кога објавувам свое селфи на социјалните мрежи”.
“Типично е оние кои ја имаат оваа состојба да страдаат од недостаток на самодоверба и да пробуваат да се вклопат во својата околина. Тие може да покажуваат симптоми кои се слични со другите потенцијално зависнички однесувања”, изјавил д-р Џанартанан Балакришнан, учесник во истражувањето.
Тој истакнал дека постоењето на селфитис е потврдено и дека се потребни повеќе истражувања со цел да се утврди како и зошто луѓето ја развиваат оваа состојба и на кој начин може да им се помогне на истите.