Која билка ја убива желбата за слатко?
Стевија е билка која потекнува од Парагвај, се препорачува на сите кои сакаат да ослабнат и да имаат нормален крвен притисок, а добра е и за дијабетичари.
Оваа билка не се разградува и не се складира во организмот, а ја задоволува потребата за благо.
Слатките гликозиди влијаат на желудникот, што го блокира чувството на глад.
За да го постигнете овој ефект земете 15 капки екстракт од стевија бидејќи, за разлика од сахарозата, екстракот од стевија не само што не е штетен по здравјето, туку е и лековит.
Освен тоа, стевијата ќе ви помогне да го оставите никотинот и алкохолот, кои исто така се непријатели на добрата линија.