Кој зеленчук е поопасен од месото за здравјето?

229

Се чини дека има зеленчук и овошје кои се полоши за здравјето од говедско месо, покажува анализата на Американскиот Центар за контрола на болести  пренесува “Newser”.
Експертите ги следеле болестите и хоспитализациите предизвикани од различни видови на храна од 1998 година до 2008 година.

Здрава храна, вклучувајќи овошје и зеленчук, биле одговорни за 46 проценти од болестите.

Лиснатиот зеленчук бил одговорен за повеќето од болестите, додека млечните производи виновни за поголемиот дел од хоспитализации.

Говедското месо е на шестото место по бројот на болести што ги предизвикал веднаш зад овошјето и јатчестите плодови.

Свинското месо се покажало како побезбедна опција, но тоа не значи дека тоа треба да биде вашиот прв избор – брокула се уште е подобра опција во споредба со плескавица, велат истражувачите. Според нив и покрај овие податоци мора да бидат земени во предвид и здравствените придобивки од јадењето овошје и зеленчук.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.