Кој вид на сирење не дебелее?

134

Сигурно сте убедени дека сирењето е премногу мрсно и се обидувате на сите начини да го избегнете неговото консумирање.

Вистината е дека неговите специфични масни киселини помагаат во губењето килограми, бидејќи ги собираат маснотиите во телото.

Заедно со изобилството со калциум (кој го спречува разградувањето на коските), сирењето содржи конјугирана линолна киселина, која го намалува ризикот од рак, болести на срцето и од дијабетес.

Сирењето содржи витамин Б2, кој е од животна важност. Овој витамин им е потребен на сите клетки во организмот, затоа што го поттикнува метаболизмот и помага во искористувањето на енергијата. Гауда сирењето по ручек или вечера им користи на забите, ја поттикнува киселината во устата и ги спречува нападите на бактериите на кариесот, односно сирењето го поттикнува метаболизмот и го спречува кариесот.

Сигурно се прашувате со кое сирење најлесно се слабее, а одговорот гласи – со фета.

Овој вид сирење содржи помалку масти и калории од повеќето сирења, тврдат нутриционистите. Поради тоа што фета има специфичен вкус, не мора да се консумира во огромни количини за да се чувствувате задоволно.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.