Кој ќе одговара за скандалот со Катлановска бања?

Многу прашања висат над скандалот со Катлановска бања, каде со години на диво лекувале пациенти без дозвола за здравствена дејност?

Кој и каква одговорност ќе понесе по отркивањето на злоупотребите? Каде потфрлил системот, како Фондот исплаќал пари и зошто овој пропуст инспекторите не го откриле досега? На овие прашања денеска прецизен одговор не даде ниту министерот за здравство,  кој се оправда дека ваквата ситуација ја наследил и најави контрол иво сите вакви установи во земјата.

-оваа ситуација ја затекнавме и незнам како порано било. Сега лицата раководни од бањата се упатени во правните служви во МЗ да ја обезбедат потребната дозвола. Контроли ќе има сегде, сега правиме постапка за регулирање на ова, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Четири дена по откривање на случајот реагираа и од Фондот за здравствено осигурување кои велат дека постапувале согласно законските прописи, наведувајќи дека договорот со Катлановска бања бил по стариот закон за здравствена заштита и бил склучен во 2014 со трајност од пет години со решение од МЗ дека се во здравствената мрежа.

По добивањето на информацијата на Државниот завод за санитарен и здравствен инспекторат дека е донесено решение за забрана на вршење на здравствена дејност на Катлановска бања, Фондот постапил соодветно и го стави во мирување договорот склучен со Катлановска бања и ги стави во мирување факсимилите на лекарите во електронскиот систем на Фондот, стои во известувањето од ФЗОМ

За тројцата странски лекари кои без дозвола работеле во Катлановска бања и кои не издавале специјалистички наоди по прегледите, според здравствените власти постои основа за кривична и прекршочна одговорност. Инспекторите ги затекнале во ординација со пациенти со церебрална парализа.

-Ќе постапиме согласно законите, вели Филипче

Предистражна постапка  за Катлановска бања води и финансиската полиција. Од пред два дена оваа установа има забрана за прием на пациенти за медицинско лекување.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.