Кој фактор за заштита од сонце е погоден за деца, а кој за возрасни?
Препораката кога купувате производи за заштита од сонце е да бирате препарати од реномирани производители чии производи се нашле на пазарот по долгогодишни испитувања. Дерматолозите советуваат купување на квалитетни средства кои се ефикасни против UVA и UVB зраците, фото-стабилни и отпорни на вода и пот.
Важно е исто така да не предизивикуваат фото-алергиски и фото-токсични реакции.
-Корисете препарати кои имаат ознаки 1.SPG и UVA PF. Тоа значи дека препаратот истовремено штити од UVB и UVA зраците, велат дерматолозите.
Се препорачува да се нанесуват околу 2 милиграми на 2 сантиметри кожа, што е отприлика околу 30 милилитри за целото тело. Со нанесување на помала количина, и заштитата ќе биде помала.
Сега може да избирате меѓу лосиони, креми, масла, гелови, стикови, спрејови и пени како средства за заштита од сонцето, најдобро е да го изберете тоа што најмногу одговара на вашата кожа. Важно е заштитниот фактор да не биде помал од 30, додека за децата и луѓето со посветол тен се препорачува заштитен фактор 50.
Особено важно е да се намачкате половина час пред да излезете надвор на отворено. Нов слој од заштитата треба да нанесувате на секои два-три часа, а особено по излегувањето од вода поради интензивното потење.
Тука како дополнителна заштита не ги заборавајте чадорите и капите и доколку можете избегнувајте да бидете на отворено сонце од 10 до 16 часот.