Кој е најдобар лек за стрес и несоница?
Маточина, лимон трева или пчеларка е иметот на оваа билка со одличен вкус и мирис. Таа се бере на пролет, пред или за време на цветањето, а се суши на топло месот или онаму кадешто има промаја. Не ја чувајте во метални садови.
Редовното пиење на чајот од маточина помага кај нервоза, треперење, губење апетит и главоболки. Купка од маточина исто така делува смирувачки, па се препорачува за оние кои патат од несоница. Маточината е и одличен природен лек за јакнење на срцето и нормализацијата на работата на внатрешните органи, ублажување на ночните стравови и депресија. Одлична е и за подобрување на расположението.