Кој ден во неделата најмногу се заборава да се вежба?
Петок е денот кога треба да се бидеме повнимателни, затоа што тогаш може да не понесат емоциите и го уништиме целиот труд кој сме го вложиле во диетата или вежбањето.
Петок е денот кога најмногу луѓе отстапуваат од режимот на живот кој сами си го наметнале, без разлика дали се работи за диета или вежбање.
Новото истражување покажа дека 80 отсто од луѓето во петок речиси редовно ги занемаруваат фитнес центарот и диетата, а дури две третини рекле дека во петок уживаат во алкохолот, неретко и прекумерно.
Од сите испитаници, инаку 60 отсто редовно вежбаат, но во петок тоа го прават само 12 проценти од испитаниците, додека 40 отсто изјавиле дека во петокот се опуштаат и не се придржуваат со диетети кои инаку ги спроведуваат.
Заклучокот на истражувачите е дека во петок луѓето се свесни дека пред нив стои викенд и доволно време за опоравување од евентуалните забави, па така се одлучуваат да се ослободат од насобраниот замор, стрес и фрустрации преку неделата со добра забава и отстапување од здравиот начин на живот.