Кој ден во неделата најмногу се јаде?

Недела е најпопуларниот ден за јадење. Една студија на британската компанија Fonz покажува дека дури 48 отсто од испитаниците признале дека јадат повеќе за време на викендите одколку во работната недела.

Во недела во 19 часот е најкритичниот период за држење на диета затоа што тогаш речиси сите кои внимаваат на калоририите попуштаат и паѓаат на искушението на грицките и слатките пишува Daily Mail.
Колку влијание има психолошка состојба на емоционално прејадување потврдува фактот дека дури 65 проценти од луѓето ги јадат омилените слатки ако претходно имале стресен ден на работа. Но, некои нема да чекаат да се вратат дома, околу 46 проценти од вработените ќе се најадат благо за време на работа. Емоционално јадење е најчесто во вечерните часови, па повеќето луѓе признаваат дека тогаш внесуваат најголем број на непотребни калории.
– Така наречениот дебел час (во недела во 19 часот) е кошмар за сите луѓе на диета, затоа што тоа е време кога тие најмногу се чувствуваат ранливи и тоа е речиси невозможно да не се одолее на искушението – се вели во студијата под водство Ли Смит.
Тој додава дека е корисно да се знае во кое време предизвикот ќе биде најголем за да може на него да се подготвиме и да се избегне со шетање и други активности кои релаксираат.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.