Кои жени повеќе глумат оргазам, тие во брак или оние што се во врска?

 

Нови истражувања покажуваат кога жените најмногу глумат. Верувале или не, жените кои се во врска многу повеќе глумат отколку тие во брак.

Дури 60 отсто од жените кои се изјасниле дека одглумиле оргазам, изјавиле дека тоа го правеле на почетокот на врската, кога сакаат да остават впечаток дека сексот е одличен, дури и кога можеби не е. Глумата им се чини како природно решение и кога се во долга врска, па не сакаат да ја повредат другата страна.

Глумењето на оргазмот е многу ретка појава кога станува збор за секс за една ноќ. Жените во тие случаи едноставно имаат помала потреба да ги штитат мажите.

Глумењето оргазам е многу поретко кај жените во брак. „Само“ 40 отсто од нив велат дека тоа го правеле по венчавката. Веројатно затоа што тогаш им е многу полесно да кажат оти сексот можел да биде подобар.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.