Кои три растенија ви се потребни во домот за љубов, среќа и успех?
Фенг Шуи филозофијата порачува дека растенијата се основата за добра енергија.
Освен тоа што носат рамнотежа и позитивност, некои растенија наводно носат и одредени типови на среќа.
Така, волшебниот цвет на орхидејата, според Фенг Шуи, древна кинеска вештина, ставена во просторот користи за пронаоѓање нова љубов.
Орхидејата во спалната соба на ноќно орманче покрај кревет или на прозорец ќе биде исто така, многу убав украс и на самиот простор.
Фенг Шуи мајсторите веруваат дека бамбусот привлекува позитивна енергија, успех и стабилност во врската.
За повеќе успех и пари во домот посадете три или девет бамбуси, а најдоброто место за нив е левиот дел од куќата кој е најмногу оддалечен од влезната врата, сметаат мајсторите на оваа кинеска вештина.
Златниот бршлен е растение кое е заслужно за одбивање на негативната енергија. За него идеална локација е празно место во станот или куќата или празни полици.
Фенг Шуи инаку е древна кинеска вештина за уредување на просторот за живеење во синергија со околината во која се живее, на начин да се привлече позитивна животна сила Чи во своите домови и својот живот, заради осигурување на среќа на целото семејство и своите потомци.