Кои се сиптомите на тивкиот срцев удар?

Тивкиот срцев удар, познат како тивок инфаркт на миокардот, сочинува приближно 45% од сите срцеви удари и најчесто ја погодува машката популација.

Докторите го опишуваат како „тивок“ срцев удар, бидејќи кога ќе се појави, симптомите не се со истиот интензитет како и акутниот срцев удар, како што се екстремна болка и притисок во градите, прободувачка болка во раката и во вратот, ненадејно отежнато дишење, потење и вртоглавица.

Симптомите на тивок инфаркт може да бидат многу благи и да траат многу кратко, поради што често ги заменуваме со некои вообичаени, помалку сериозни проблеми поради што ги занемаруваме. Можно е да чувствувате умор, но да не се посомневате дека се работи за срцеви проблеми.

Уште еден симптом што честопати погрешно се толкува е болката во градите што е многу слична на болката во желудникот.

Наглите промени на телесната температура исто така се симптоми што укажуваат на оваа состојба.

Со оглед на тоа што тешко се воочуваат, а можат да предизвикаат голема штета, редовните прегледи се задолжителни за да ги отстраните ваквите сомнежи.

Кај тивкиот инфаркт може да почувствувате непријатност во средина на градите, а не остра болка на левата страна што многу луѓе ја поврзуваат со срцев удар.

Некои луѓе може да се чувствуваат потполно нормално за време, но и по тивкиот инфаркт и воопшто да не бидат свесни што им се случило.

Истражувањата покажале дека алармантен е бројот на луѓето што го доживуваат овој инфаркт, без да бидат свесни за тоа.

Што ја предизвикува оваа состојба?

Сите срцеви тегоби се предизвикани од истите причинители, како што се пушење, прекумерна телесна тежина, недостиг на физичка активност, високо ниво на холестерол, но и дијабетес.

Иако се „прележува“ на нозе, тој исто така остава последици на организмот и здравјето.

Тивкиот инфаркт на миокардот често остава лузни и оштетувања на срцето, што во комбинација со фактот дека многу луѓе што го доживуваат не бараат лекарска помош, дополнително го зголемува ризикот од втор и потенцијално повеќе срцеви удари. Всушност, луѓето што доживуваат тивок инфаркт на миокардот и не ја лекуваат оваа состојба имаат три пати поголем ризик од смрт од коронарна артериска болест.

Како да го препознаете?

Можеби нема да бидете свесни дека сте доживеале срцев идат додека не посетите лекар поради другите симптоми, како што се умор, отежнато дишење или киселина.

Последиците обично се откриваат на преглед на ЕКГ или на ехокардиограм, кои може да покажат оштетувања на срцевиот мускул. Друг метод е тестот за крв за молекуларни отпечатоци на тропонин Т.

Доколку забележите какви било симптоми, не ги занемарувајте, дури и ако не ви делуваат сериозни. Играњето на сигурно секогаш е најдобар потег.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.