Кои се највалканите предмети во хотелските соби?

382

Бројни истражувања потврдија дека највалкан предмет во хотелските соби е далечинскиот управувач, што може да содржи ист број микроорганизми како и WC даската. Причина е таа што управувачот го допира секој, а персоналот на хотелот речиси никогаш не го чисти. На второ место се наоѓа телефонот, односно неговата слушалка.

Пред да употребите некој од наведените предмети, темелно пребришете го со антибактериски влажни марамчиња.

Хотелските соби се  со теписи што на прв поглед изгледаат многу чисто и одржувано. Но, надворешниот изглед всушност е само камуфлажа бидејќи хотелските теписони во себе кријат бројни опасности за вашето здравје.

Имено, сервисите за чистење на теписи оваа површина ја одржуваат многу површно, што никако не е доволно да ги отстранат сите валканици внесени со чевлите и опасните микроорганизми за вашето здравје, како габички, бактерии и вируси. Затоа во хотелите никогаш немојте да одите боси.

Дури и доколку постелнината е чиста, опасноста може да се крие под нејзината површина – во хотелскиот душек. Пред да легнете или да ги извадите своите работи од куферот и да ги наредите по креветот, поткренето го „прекривачот и извршете брз преглед на душекот. Доколку забележите необични, ситни „зрнца“ кои се движат, станува збор за тафтабити. Иако можеби звучи параноично, тафтабитите во хотелските соби не се никаква реткост. Ако се посомневате дека на вашиот душек се кријат тафтабити, тргнете ги сите работи од собата и веднаш пријавете го проблемот кај хотелскиот персонал.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.