Кои се најчестите машки имиња во Македонија и кои се нивните значења?

Ова е листата на најпопуларните машки имиња во Македонија во последните 50 години, но и нивните значења.

Лука
Значење на името:
Човек од Луканија (место во Италија), доаѓа од збор Leukos – светол, бел
Потекло на името:
Името има латинско и грчко потекло
Познати личности:
Апостолот и Евангелист Лука
Варијации на името:
Лукас, Лук

Никола
Значење на името:
Победа на народот, победнички народ
Потекло на името:
Името има грчко потекло

Марко
Значење на името:
Посветен на Марс, воинствен, борбен
Потекло на името:
Латинско потекло
Познати личности:
Апостолот Марко, Марк Твен итн.

Александар
Значење на името:
Бранител на луѓето, заштитник на луѓето, воин
Потекло на името:
Името има грчко потекло. Исковано е од глаголот alexō – заштитува, брани и именката andros – човек.

Дејан
Значење на името:
Да прави нешто, да биде активен
Потекло на името:
Името има словенско потекло од зборот “деја” – правење нешто
Варијации на името:
Деан

Иван
Значење на името:
Бог е милостив
Потекло на името:
Еврејско потекло, доаѓа од името Јован
Варијации на името:
Иво, Ивица, Јован

Горан
Значење на името:
Човек од планина
Потекло на името:
Името има словенско поткло. Постои и во курдскиот јазик, каде значи: промена.
Познати личности:
Горан Бреговиќ, Горан Вишниќ
Варијации на името:
Горјан

Зоран
Значење на името:
Зора, изгрејсонце
Потекло на името:
Словенско потекло, машка форма на името Зора.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.