Кои се најчести причини за развод?

372

Досега се направени најразлични истражувања за причините за развод. Резултатите покажуваат дека помала е веројатноста да се разведат парови кои се венчале во доцните дваесетти години, односно паровите кои се со мала разлика во годините.

Некои истражувања покажале дека е поголема веројатноста да се разведат жените кои имале голем број партнери пред да стапат во брак. Според истражувањето на Универзитетот во Вашингтон, објавено во 2016 година, паровите најмногу се разведуваат во март и август. Научниците објаснуваат дека во тие месеци паровите треба да одат на одмор бидејќи одморот претставува циклус на оптимизам со што може да се даде нова шанса за почеток.

Друго истражување во 2017 година објавено во магазинот Journal of Sex Research покажува дека паровите кои гледаат порно филмови имаат двојно поголем ризик за развод. Според Елизабет Нолан Браун, навиката на гледање порно може да биде знак дека нешто не е во ред во односот на партнерот, како недостиг на комуникација или незадоволство со сексуалниот живот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.