Кои работи треба да ги знаете за левучарите
- Имајте на ум дека помеѓу 5% и 10% од населението се левучари. Ова нешто со кое се родени. Научниците дури сметаат дека се наследува ген за доминантна рака. Па, ако едниот од родителите е левучар, големи се шансите и едно од децата да биде.
- Никогаш не се обидувајте да ја промените доминантната рака на детето. Нема ништо погрешно во користење на левата наместо десната рака.
- Кажете му на наставниците дека детето е левучар. На овој начин наставниците може да направат распоред во седење така што детето нема да се удира со неговите деснораки соученици.
- Набавете триаголни или моливи со 6 страни. На левучарите овие им се позгодни за држење.
- Набавете пенкала кои брзо се сушат. Левучарите секогаш ја ставаат раката врз напишаното кога пишуваат, и на овој начин си ги валкаат дланките.
- Купувајте работи наменети за левучари. Работи кои се едноставни како сечењето хартија може да бидат вистински предизвик кога не одговараат на нивната рака.
Не ги терајте децата да се чувствуваат поразлично од нивните пријатели. Тоа што се левучари не значи дека се болни. Научете го да ја прифати неговата уникатност. Да се живее во свет каде ништо не е направно според вас може да биде комплицирано. Но со доволно трпение, сè може да се научи.