Кои работи никако не смеете да ги делите ниту со најблиските?

283

Кармини и сјаеви за уста

Зошто да не ѝ го позајмам карминот на пријателката? Што има тука лошо? Вирусите најлесно се пренесуваат преку устата, па сигурно не сакате да ги предизвикате.

Слушалки за уши

Колку и да го делите вкусот за музика, не мора да ги делите истите нечистотии кои може да ја нарушат нормалната флора во увото.

Виклери, четки, шноли

Било што што се става и допира до косата – е само ваше.

Рол-он или стик

Дезодорансот е безбеден за делење бидејќи нема допир, меѓутоа рол-онот и стикот кој го допирате до пазувите е интимна работа. Било кој контакт со друго тело може да предизвика пренесување на бактерии.

Пешкир

Зголемената влажност го прави идеална површина за развивање на бактерии и габични инфекции. Важно е да ги менувате пешкирите на 3 дена, да ги сушите темелно по секое бањање и да не ги делите.

Козметички алатки

Без разлика дали се работи за ножички, пинцета, брич или депилатор, и нив треба да ги користите само вие. Овде е ризично бидејќи со невнимателно користење може да дојдат во допир со туѓа крв, па потоа ваша.

Четки за шминкање и нанесување маски

Козметичките четки се идеално место за развивање на бактерии и ситни непријатели на кожата, кои сигурно се зголемуваат кога ги користи повеќе од еден човек.

Влечки

Делењето на чевли и влечки е ризична работа токму заради влагата која се создава во нив. А, влажната атмосфера  е одлична за развивање на габични инфекции. Затоа, никогаш не ги давајте своите влечки на гостите.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.